Ристовски по пауза од пет месеци повторно во дресот на Спортинг

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, по пауза од пет месеци поради повредата, повторно се врати во првиот тим на Спортинг Лисабон.

Ристовски се најде во првиот тим на Спортинг на гостувањето против Фереира во 9. коло од шампионатот на Португалија. Македонскиот фудбалер го одигра целиот натпревар, заработувајќи притоа и жолт картон, во победата на Спортинг од 1-2.

По оваа победа Спортинг Лисабон се зацврсти на четвртата позиција со седум бода заостанување зад водечката Бенфика.

Се вчитува...