Ристовски: Почнува нова ера на македонската репрезентација

Првиот голман на македонската репрезентација, Борко Ристовски, порачува дека двомечот со Исланд треба да биде искористен за вртење на нов лист и создавање на игра по која нашата национална селекција ќе биде препознатлива во годините што следата.

„Почнува нова ера на македонската репрезентација, со нов селектор и со голем број на помлади ракометари. Тоа е неизбежно и треба да влезземе најдобро што можеме во овој двомеч, во обид да стигнеме до добар резултат. Според мене не треба да се кажува дали бркаме една или две победи, суштината мора да биде да почне да се гради игра, нешто по што ќе бидеме препознатливи во годините што следат. Знаеме дека нема да биде лесно, но тоа е така секогаш кога се обидувате нешто да промените, се надевате дека на крајот ќе добиете позитивен исход. Повторувам, ќе се обидеме да победиме на двете средби, но многу поважно ќе биде да одиграме добро, да оставиме позитивен впечаток и база што потоа ќе се унапредува“ – истакнува Борко Ристовски.

Македонската репрезентација утре наутро тргнува за Исланд, а веќе в среда по само два тренинзи со новиот селектор (еден во Скопје и во Рејкјавик) ќе му гостува на добро познатиот ривал.

Се вчитува...