Ристовски потврди: Дејан Манасков заминува од Вардар

Вардар со значително изменет состав ќе влезе во новата сезона, а на листата на играчи кои си заминуваат од таборот на „црвено-црните“ се приклучи и Дејан Манасков.

Крилниот ракометар пристигна пред една година, заедно со Талески важеше за лидер на тимот, но реши да си замине, информација што na денешната прес-конференција ја потврди и новиот извршен директор Борко Ристовски.

„Дејан Манасков за жал нема да биде дел од Вардар во новата сезона, по неговата одлука решивме да го ангажираме Срдановиќ како ново перспективно лево крило. Му посакуваме на Манасков многу среќа во иднина“, изјави Ристовски.

Претходно, од таборот на Вардар си заминаа и Филип Талески (Бенфика), Куни Моралес (Загреб) и Бразилецот Дутра, кој потпиша за Ал Ахли, додека Стојанче Стоилов објави крај на кариерата.

Се вчитува...