Ристовски: Сега се е во наши раце…, нека квалитетот исплива на површина!

Македонија утре против Исланд на арената „Тодор Проески“ од 18 часот го игра клучниот меч за пласман во баражот за СП 2022. Историски ако се знае дека македонската фудбалска репрезентација првпат би се нашла во ситуација за бараж за Мундијал, притоа завршувајќи на второто место запишувајќи го надобриот резултатски успех низ еден квалификациски циклус од осамостојувањето.

Сето тоа, како што вели и капитенот Стефан Ристовски, е само силен мотив да се успее.

„Тоа што сме во една ваква ситуација е плод на целиот наш труд низ овие квалификации. Можеби на гости статистички сме подобри но не обрнуваме вниманието на тоа. Секој меч е посебно приказна, а овој пред нашите навивачи чија поддршка ја очекуваме сигурно ќе биде посебен. Не чувствуваме никаков притисок, но свесни сме дека судбината е во наши раце. Се надевам дека ќе пристапиме со ладни глави на натпреварот и со квалитет ќе дојдеме до целта. Верувам дека квалитетот сега ќе исплива на површина“ – вели Ристовски, и веднаш дополнува:

„Ќе бидам навистина горд ако како капитен на оваа репрезентација се избориме за првпат во историјата за бараж за пласман на Светско првенство“.

Се вчитува...