Ристовски: Сите веруваме дека можеме да одиме во Катар

Капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски, во интервју за „Јутарњи“ зборува за успехот на националниот тим и пласманот во баражот за СП во Катар. Тој кажа дека претходно Македонија секогаш предвреме ги завршувала квалификациите и дека завршувала со 6-7 бодови во групата.

„Во последно време ситуацијата се промени. Имаме играчи кои сакаат да напредуваат, кои сакаат големи работи, остварување на големи цели. Успеавме да се пласираме на ЕП, сега сме во бараж за СП. Многу сум среќен поради тоа. Имаме квалитет, сите заслужуваат ваков успех“, вели Ристовски и додаде дека политиката во Македонија го „убива“ народот.

„Знаете каква е политичката ситуација во Македонија. Политиката нѐ убива. Народот се дели, и во вакви лоши времиња единствено спортот нѐ обединува, особено фудбалот. Затоа се радувам многу, затоа што во вакви околности барем ние како репрезентацијата да го развеселиме народот. Мислам дека не е претерано да кажам дека репрезентацијата го обедини народот“, изјави Ристовски.

Потоа се сврте кон баражите за пласман на СП.

„Имаме уште два меча. Мислам дека е можно да одиме во Катар, и веруваме сите во тоа. Има еден проблем, нема да игра Елмас поради жолти картони. Но ќе се врати Аријан Адеми, а тоа ни значи многу“, рече Ристовски.

Се вчитува...