Ристовски со голема самодоверба го дочекува крајот на сезоната во Хрватска: Не сум препотентен, ниту арогантен, но…

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски со голема самодоверба го очекува финишот на сезоната во хрватскиот фудбалски шампионат.

Играчот од одбраната вели дека не сака да го сфатат како препотентен, но тој е убеден дека титулата во Хрватска ќе остане на „Максимир“.

„Убеден сум дека успешно ќе заврши сезоната! Секако дека ќе биде така, не сум ниту арогантен, ниту препотентен, знам што зборувам и знам каков квалитет имаме во соблекувалната. Почит до сите, но титулата повторно ќе се слави на Максимир!“, изјави Ристовски. 

Се вчитува...