Ристовски стрелец, Нитра ја чека жестока битка за опстанок (ВИДЕО)

Македонскиот младински репрезентативец Милан Ристовски постигна погодок од пенал на пријателскиот натпревар на кој неговата Нитра загуби од Слован Братислава со 1-2, колку да се загрее за пеколната битка за опстанок со својата Нитра.

Словачкото првенство продолжува на 13. јуни по паузата поради пандемијата на коронавирус, а Нитра ја очекува жестока битка за опстанок.

Ристовски во Нитра е на позајмица од Ријека до крајот на сезоната. До прекинот на сезоната е втор стрелец во шампионатот со девет гола.

Се вчитува...