Динамо Загреб стигна до победа од 0-2 на гостувањето кај Истра во заостанатиот натпревар од 4. коло во Првата фудбалска лига на Хрватска. Стрелец на вториот гол за „модрите“ беше капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија Стефан Ристовски, кој во 98. минута на празен гол ја затресе мрежата на противникот и ја осигура победата на својот тим.
Претходно Гојак уште во десетата минута донесе водство за актуелниот хрватски шампион, а за издојување се и трите црвени картони кои беа поделени на мечот Кетрин Теофил и Бурно Петковиќ добија кај гостите, додека кај домаќините поцрвене Лучиќ.
Вториот македонски репрезентативец во дресот на „модрите“, Аријан Адеми беше сменет во 66. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА