Македонскиот фудбалски интернационалец Стефан Ристовски, по само четири месеци во босанскиот гигант Сараево, испрати остра порака до раководството на Премиер-лигата на БиХ.
Поранешниот капитен на македонската репрезентација не крие разочарување од судиските одлуки и нерамноправниот третман на теренот.
„Имав среќа да играм во Италија, Португалија, Хрватска, но ваков однос од судиите не сум доживеал никогаш. На „Кошево“ е прифатливо, но штом играме на гости почнува хаосот. Ниту еден гостински натпревар не беше фер. Не барам фаворизирање, барам да нè пуштат да играме! Сараево и Железничар се столбовите на овој фудбал, а не се консултирани за ништо. Тоа е како во Хрватска да се прашува Вараждин, а Динамо и Хајдук да молчат. Луѓето вложуваат милиони, а утре ќе си заминат ова не е изржливо.
Ристовски дојде во Сараево како слободен агент по четири и пол сезони во Динамо Загреб, каде што освои титула и куп. Сега, по 14 кола, „бордо“ тимот е на 7. место со 19 бода, 9 зад лидерот Зрињски, но со еден натпревар повеќе одигран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

