Ристовски: Триумфот во Нашице не значи ништо, Нексе е опасен со „седум на шест“

Борко Ристовски беше меѓу најзаслужните за минималната победа на првиот натпревар против Нексе во четвртфиналето од СЕХА-лигата, меч на кој македонскиот репрезентативец воедно го имаше и својот камбек на голот на „црвено-црните“ по трансферот од Бенфика. Вардар ќе влезе со минимална предност во утрешниот реванш, но Ристовски ги предупредува соиграчите дека мора да се остане максимално фокусиран од првата до последната минута.

Воедно, искусниот голман предупреди дека посебен акцент ќе треба да се стави на одбраната на нападите „седум на шест“ на противникот, тактика што е заштитен знак на Нексе, нешто што тренерот Хорват чсто го користи за време на натпреварите.

По долга пауза имаме еден официјален натпревар што е од исклучително значење. Ги победивме со 31-30 во Нашице, но тој резултат не значи ништо, утрешниот реванш ќе биде сосема поинаков. Се уште растеме како тим, но знаеме дека мораме да бидеме стопроцентно фокусирани ако сакаме да ја почнеме сезоната со победа. Нексе често ја користи тактиката „седум на шест“, така што одбраната и голманите ќе мора да бидат на високо ниво. Треба да сме фокусирани во одбраната и трпеливи во нападот, имаме играчи кои знаат што треба да се стори за да стигнеме до победата“, истакна Борко Ристовски.

Се вчитува...