Ристовски во вербален судир со Влашиќ по мечот во Лондон: Имаше што да му каже за провокациите… (ВИДЕО)

Македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми на неверојатен начин се изборија за европска пролет, со огромна победа од 0-1 на гостувањето против Вест Хем во Лондон.

Емоциите работеа по дуелот и кај Стефан Ристовски, кој извонредно го одигра целиот натпревар во Лондон, па на крајот се впушти во вербален судир со хрватскиот репрезентативец и член на Вест Хем, Никола Влашиќ.

Влашиќ пред меѓусебниот натпревар истакна дека „тој а и сите во Хајдук би сакале Динамо Загреб да испадне од Лигата на Европа“. Тоа не им се допадна на „динамовци“, а Ристовски очигледно не можеше да го избегне и вербалниот судир на крајот.

„Јас лично не му замерив, затоа што не сакам да се осврнувам на тоа што другите зборуваат“ – истакна синоќа по натпреварот стоперот на Динамо, Дино Периќ, и дополни:

„На крајот тој и Ристовски нешто се закачија, но ништо сериозно. Нас, всушност, и не мотивираа тие изјави на Влашиќ. Мислам дека се изборивме за навистина убава победа, и тоа е најважно, а не тоа кој што и како зборувал пред натпреварот“.

А, Динамо Загреб до победата од 0-1 над Вест Хем во Лондон која го однесе кон европска пролет дојде до неверојатниот погодок на Оршиќ…

Се вчитува...