Ритас го урна Жалгирис во литванскиот шампионат

Кошаркарите на Ритас ја освоија титулата шампион на Литванија откако во финалната серија славеа против Жалгирис со 3-1. Во четвртиот натпревар во Вилнус беше 88-87. Кошаркарите на Ритас во третата четвртина имаа и плус 8, но Жалгирис успеа резултатски да се врати во мечот благодарение на одличната игра на Лукас Лекавичиус.

Во неизвесна завршница Фостер го реши прашањето на победникот. Токму Фостер беше најдобриот играч на натпреварот со 33 поени и два скока и асистенции. Раџевичиус го следеше со 15 поени и по две украдени и загубени топки.

Во тимот на Андреа Тринкиери најдобар беше Самнер со 21 поен, шест асистенции и еден скок. Ова е седма титула за Ритас, додека Жалгирис има 35. Ова е прв пат од 2010 година Ритас да го победи Жалгирис во финалето.

Се вчитува...