Ривалдо: Не би било предавство ако Нејмар потпише за Реал

Легендарниот бразилски фудбалер Ривалдо смета дека Нејмар не би направил предавство кон Барселона доколку ова лето потпише договор со Реал Мадрид. Тој најави заминување од ПСЖ, а двата шпански гиганти се обидуваат да го ангажираат до крајот на преодниот рок.

„Не би го гледал тоа како предавство доколку Нејмар потпише за Реал Мадрид. Тој од Барселона замина во ПСЖ, а не директно во Реал Мадрид. Францускиот клуб сигурно ќе ја избере подобрата понуда затоа што не сака да загуби пари на неговиот трансфер. Повеќе би сакал повторно да заигра за Барселона, но сепак нема да биде предавство и доколку го облече дресот на Реал“, вели Ривалдо, кој и самиот во минатото го носеше дресот на Барселона.

Се вчитува...