Ривалдо убеден – Нејмар порано или подоцна ќе заврши во Реал!

Нејмар и неговото заминување од ПСЖ и потенцијалниот трансфер во Реал Мадрид со месеци беа „жешка“ тема во фудбалската јавност. Многумина веруваа дека е само прашање на време кога Бразилецот и „кралскиот клуб“ ќе ја официјализираат соработката.

Меѓу оние кои веруваат дека работата се уште не е завршена, е поранешниот играч на Барселона, Ривалдо. Тој дури и неколку пати го советувал Нејмар да потпише за Реал Мадрид.

Верувам дека Нејмар и следната сезона ќе игра во Франција, но во фудбалот никогаш не знаеш што носи следниот ден. Се е на маса додека не заврши преодниот рок. Засега мора да им верувам на неговите зборови дека ќе остане во ПСЖ, но јас слушнав дека тој порано или подоцна, сепак ќе заврши во Реал Мадрид“ – вели Ривалдо.

Се вчитува...