Ривалството продолжува: Веспрем има повеќе победи, но Вардар славеше кога беше најважно

Вардар и Веспрем во изминатите години развија неверојатно ривалство, играјќи меѓу себе бројни неизвесни дуели. Денешната пресметка е само нова епизода од досегашните дуели, вкупно 18 во кои севкупно гледано поуспешен е Веспрем, со девет победи, наспроти пет трумфи на Вардар и четири нерешени средби.

Унгарците славеа на последниот меч, финалето од СЕХА-лигата (35-27) одиграно на почетокот од месец септември. Двата гиганти се сретнаа и во групната фаза од ланската сезона, при што Веспрем стигна до две убедливи победи, од 39-30 на домашен терен и од 29-38 во Скопје.

Сепак, Вардар ја има најзначајната победа во меѓусебните дуели со унгарскиот „џин“ онаа во големото финале од ЛШ што беше одиграно во 2019 година. Тогаш „вардарци“ и покрај финансиските проблеми собраа сили за втора сензационална европска круна, во финалето совладувајќи го Веспрем со 27-24.

Само тројца од играчите кои постигнаа голови за Вардар во тоа финале (Чупиќ пет, Дибиров три и Стоилов два) се дел од „црвено-црните“, a најдобриот стрелец Мораеш (шест гола) денеска ќе го носи дресот на Веспрем.

Се вчитува...