Рјабoволова не успеа да обезбеди пласман на ЛОИ во Париз

Македонската борачка, Вероника Рјабоволова, не успеа да дојде до посакуваната цел, а тоа е пласман на ЛОИ во Париз откако загуби во четвртфиналето на квалификацискиот турнир во Баку од Романката Андреа Ана (0-11).

Нашата претставничка беше инфериорна во целиот дуел и на крајот сосема заслужено загуби од третата борачка во светот во категоријата до 53 килограми. Македонските борачи, пак, на овој квалификациски турнир ќе настапат во текот на утрешниот ден.

Наши претставници се Владимир Егоров во категоријата до 57 килограми, Расул Шапиев (до 74 килограми) и Магомегаџи Нуров (до 97 килограми).

Се вчитува...