Рјоју Кобајаши е неприкосновен во Светскиот куп во скијачки скокови

Јапонецот Рјоју Кобајаши им се врати на победите во Светскиот куп во скијачки скокови. На вториот ден од викендот во швајцарскиот Енглеберг забележа доминантна победа откако беше најдобар и во квалификациите и во првата и во втората серија.

За четвртата победа на седмото сезонско натпреварување, Кобајаши во првата серија прескокна 144 метри поставувајќи рекорд на скокалницата, а во втората сесија имаше должина од 137 метри.

Останатите места на подиумот ги пополнија полските скокачи, Пјотр Жила имаше должини за второто, а Камил Штох  за третото место.

Натпреварувањето во Енгелберг е последно од Светскиот куп во пресрет на турнејата „Четири скокалници“ која почнува на 30 декември од австрискиот Оберсдорф.

Во пресрет на традиционалната новогодишна турнеја Кобајаши е сигурен на врвот во генералниот поредок.

Се вчитува...