РК Алкалоид ги претстави новите дресови (ФОТО)

Ракометниот клуб Алкалоид во иднина ќе настапува во салата во Автокоманда која денеска и официјално беше претставена како нова база на суперлигашот, но и целокупните младински категории кои во култната сала ќе настапуваат и ќе се развиваат.

На промоцијата говореа и тренерот Кирил Лазаров кој вели дека е чест и привилегија што клубот добива свој дом, како и претседателот Живко Мукаетов кој додаде дека проектот продолжува во посакуваниот правец и е добар за македонскиот спорт.

А, скопскиот клуб ги промовира и новите дресови за новата година кои остануваат во „сино-бела“ нијанса и во производство од марката „Хумел“.

Се вчитува...