РК Бутел е нова жртва на „црвено-црните“ – РК Вардар 1961 останува лидер во ракометната Супер-лига

РК Вардар 1961 вечерва го одигра последниот натпревар од ракометното коло на македонската Супер-лига, а овој пат „црвено-црните“ го победија РК Бутел со високи 27-34.

Гостите доминираа уште во првото полувреме, па на пауза се замина со резултат од 13-19.

До крајот на мечот ракометарите на Вардар рутински дојдоа до посакуваните три бода, а на тој начин го зачуваа лидерското место, па сега на своето конто имаат вкупно 15 поени, три повеќе од второ и трето пласираниот Еурофарм Пелистер, односно Тинекс Пролет.

Кај домаќините листата на стрелци ја предводеше Пуљизович Саша со седум гола, додека кај гостите се истакна Дибиров Тимур со исто толку погодоци.

Се вчитува...