РК Бутел со два порази и едно реми ја заврши српската турнеја

Македонскиот ракометен суперлигаш Бутел Скопје ја заврши тридневната турнеја во Србија во која одигра три пријателски натпревари.

Со скратен ростер поради повредите на Спасовски и Крстевски, како и отсуството на Субашевски и Михајловиќ поради кадетското СП, а не играше ниту Василевски, бутелчани загубија два пати и еднаш ремизираа.

Српскиот шампион Војводина славеше против Бутел со 32-21, додека тимот на Партизан исто така беше подобар со 37-28. Со денешното реми со Уб, 33-33, заврши серијата од три средби во три дена.

Следен предизвик за Бутел Скопје ќе биде настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ во Охрид од 23. до 26. август.

Се вчитува...