РК Пролет: Аларов и Јагуриновски се под договор со нас, ако Вардар ги сака веднаш ќе треба да плати

Раководството на РК Пролет преку клупско соопштение сака да стави крај на гласините дека двајцата ракометари на оваа екипа, Михаил Аларов и Томи Јагуриновски, ќе се преселат во редовите на Вардар во текот на сезонава.

Аларов и Јагуриновски веќе потпишаа договори со „вардарци“ за стартот на наредната сезона, но од управата на Пролет јасно ставија до знаење дека нема шанса да дадат зелено светло за предвремен трансфер, освен доколку актуелниот првак не плати соодветна отштета за двајцата квалитетни ракометари.

Соопштението на РК Пролет го пренесуваме во целост:

„Управниот Одбор на Пролет изразува големо задоволство од игрите и резултатите на нашата екипа во првиот дел од натпреварувачката сезона. Освоеното второ место во групата од Супер-лигата е доказ за квалитетната работа во изминатите мсеци и максималното залагање на сите ракометари за исполнување на заедничката цел – излез во ракометна Европа.

Пред Пролет се наоѓаат сериозни предизвици во натпреварувањето во плејофот, но како и секогаш досега, подготвени сме на спортска борба за бодови и надигрување со сите противници. Финансиите не се никаков проблем, буџетот е стабилен, а ваучерот за 2022 година целосно наплатен, за што јавно упатуваме благодарност до спонзорите и помагателите на нашиот ракометен колектив. Со тоа се овозможува дополнителна сигурност и стабилност, по што ракометарите ќе можат да се насочат кон она што е најважно за нив – тренинзите и натпреварите во дресот на Пролет.

Добро познато е дека двајца наши ракометари, Томи Јагуриновски и Михаил Аларов, по одличните настапи за Тинекс Пролет во првиот дел од сезонава потпишаа договори со РК Вардар почнувајќи од сезоната 2023/24. Ние сме горди што имаме двајца исклучителни професионалци во своите редови и желба на сите во клубот е Јагуриновски и Аларов да ја доиграат сезоната во РК Пролет и да помогнат во остварувањето на клупските цели.

Потсетуваме дека и двајцата ракометари имаат валидни договори со РК Пролет до јуни 2023 , по што од срце ќе им посакаме многу среќа во преселбата во таборот на „црвено-црните“.

„Јавна тајна“ е дека Вардар сака да ги доведе Аларов и Јагуриновски додека тие се уште се под договор со Пролет, но на нашиот скопски ривал треба да му е јасно дека тоа не може да се оствари без соодветна отштета, нешто што е сосема нормална работа во светот на спортот при трансфери на играчи од еден во друг клуб .

Се вчитува...