РК Скопје немаше сила за изненадување и против Охрид

Ракометарите на Охрид стигнаа до сигурен триумф на гостувањето кај новајлијата Скопје од 23-36. во Суперлигата на Македонија. По двете победи против Радовиш и Прилеп, домаќините немаа сила за изненадување против далеку поквалитетниот тим.

Охриѓани одлично го стартуваа натпреварот, веднаш стигнаа до комотна предност, а на пауза имаа плус шест (12-18). Во вториот дел само рутински го приведоа натпреварот до самиот крај за конечни 23-36.

Најдобар поединец во таборот на победникот беше Филип Кривокапиќ со осум гола, додека Мартин Манасков постигна шест. Кај поразените се истакна Леонид Киселовски со девет гола.

Се вчитува...