РК Вардар славеше во контролен меч против Врање

Како дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната Вардар одигра контролен меч против Врање од Србија, што го добија „црвено-црните“ со 28-22 (15-15). „Црвено-црните“ во најголем дел од средбата имаа водство, а решавачката предност беше направена во второто полувреме, кога во 42 минута ги имаа и највисоките 24-18.

Деби во дресот на двократниот европски шампион имаше последната аквизиција Немања Гојковиќ.

Состав на Вардар: Томовски (8 одбрани), Гогов (5 одбрани), Богдановски (1 одбрана), Петриќ 6, Лазаревски, Јагуриновски 4, Мишевски, Ѓукиќ 4, Срдановиќ 3, Карапалевски 3, Николиќ, Родригез 1, Георгиевски 2, Аларов 2, Мело, Стојановски 1, Атанасовски, Ќосевски.

Се вчитува...