„Робен ми го упропасти трансферот во Реал Мадрид“

Бразилецот Фелипе Мело открива дека во 2010 година имал договор со Реал Мадрид. Денеска 37-годишниот Мело тогаш како член на Јувентус постигнал договор за трансфер во кралскиот клуб.

Сепак, Реал Мадрид се откажал од трансферот поради неговото газење на Аријан Робен на мечот против Холандија на Светското првенство во Јужноафриканската република.

„Се бевме договорени, но се случи тоа со Робен и се пропадна. Ете тој ми го упропасти трансферот. Останав во Јувентус и потоа се преселив во Галатасарај. Можеби со Реал ќе испишев историја, но ме обожуваа и во Турција“ – вели Мело, кој и со 37 години се уште е активен сега како фудбалер на бразилски Палмеирас.

Се вчитува...