Робен: Можам да играм уште пет сезони

Холандскиот фудбалер Арјен Робен ќе донесе одлука за својата иднина по завршувањето на сезоната, откако ќе ја оцени здравствената состојба.

„Сакам да играм уште. Но, сигурно не сакам повторно поради повреда да паузирам пет месеци. Можам да играм уште четири или пет години, но сепак се е до повредите“, изјави Робен. 

Тој говореше и за идните планови и каде би можел да ја продолжи кариерата.

„Постојат многу опции, што во Европа, што надвор од неа. Сепак, ја исклучувам можноста за трансфер во Кина. Се има позитивни и негативни страни, но на крај човек мора да направи нешто по свое убедување“, заврши Робен. 

35-годишниот фудбалер во 2009 година за 24 милиони евра во Минхен стигна од Реал Мадрид, а на крајот од сезоната исто како и Франк Рибери ќе го напушти „баварскиот гигант“.

Се вчитува...