Легендарниот холандски фудбалер Арјен Робен повторно тренира со своите поранешни соиграчи од Баерн Минхен. Откако беа воведени мерки во борбата за спречување на коронавирусот првотимците на Баерн Минхен тренираат од дома.
Во петокот Холанѓанецот им се приклучи на онлајн тренинзите на актуелниот шампион на Германија. Тој успеа да држи чекор со своите поранешни колеги со што покажа дека се уште е во добра форма. Пред Робен на онлајн тренинзите на „баварците“ минатата недела се придружи и Бастијан Швајнтшајгер.
Und die #Bayern-Legende wirkte topfit! https://t.co/5XtgxpjhXl
— SPORT1 (@SPORT1) March 30, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА