Роберт Левандовски сака нов предизвик

Полскиот голгетер Роберт Левандовски сака да замине од Баерн Минхен во потрага по нов предизвик пред крајот на својата богата кариера, пренесува англискиот медиум Скај Спортс.

Левандовски е дел од баварскиот тим од 2014 година кога премина од редовите на Борусија Дортмунд, а и покрај тоа што е задоволен од клубот сака пред неговата 35 годишна возраст да забележи настап надвор од германското првенство.

Договорот на полскиот репрезентативец со Баерн Минхен е до 2023 година, а за услугите на својот играч баварците бараат 117 милиони евра што сериозно ги намалува шансите за негово заминување пред оваа година.

Левандовски важи за еден од најдобрите напаѓачи на денешницата со 462 постигнати погодоци на 632 натпревари во својата кариера.

Се вчитува...