Роберт Просинечки повторно опериран

Откако пред само десет дена првпат го оперираше тенкото црево, Роберт Просинечки повторно мораше да биде опериран во Универзитетската клиника во Сараево.

Според информациите од болницата состојбата на Просинечки е стабилна. За разлика од првата операција, втората е реализирана далеку од јавноста. Информацијата е чувана во тајност за да не се создава дополнителен притисок.

Селекторот на БиХ беше подложен на хируршка интервенција поради проблеми со дивертикулумот на тенкото црвено. Првата операција траела речиси четири часа. По втората операција се очекува Просинечки следните седум дена да ги мине на интензивна нега.

Се вчитува...