Роберто Баџо: Не ги носете децата во фудбалски школи каде им забрануваат да дриблаат

Легендарниот италијански фудбалски ас Роберто Баџо (52) испрати силна порака, истакнувајќи дека фудналот полека го губи својот поранешен лик и се повеќе наликува на индустриска игра. Тој вели дека веќе го нема шармот на некогашното надмудрување и убави дриблинзи на теренот, туку дека се е посветено на брзината, силата и издржливоста на фудбалерите. „Божјото опавче“, како што го нарекуваат во Италија, им порача на родителите да не го носат децата во фудбалски школи каде ќе им биде забрането да дриблаат. Тоа само ќе ги ’осакати’ како фудналери, вели Баџо.

„Фудбалот е сега сведен на брзина, сила и издржливост. Го нема веќе некогашниот шарм и тоа многу ми пречи. Ако јас се прашувам, би ги советувал родителите да не ги носат децата во фудбалски школи каде ќе им биде забрането да дриблаат и да се забавуваат. На никого не му е потребен индустриски фудбал. Децата треба да научат да другаруваат со топката, таа треба да им биде најдобриот пријател. Потоа во сениорска конкуренција, токму дриблинзите ги разликуваат одличните од просечните“, изјави Роберто Баџо.

Тој има 56 настапи за италијанската фудбалска репрезентација, а го носеше дресот на Јувентус, Милан, Интер, Фиорентина, Бреша, и Болоња. Кариерата ја почна во Виченца. Во 1993 година беше прогласен за најдобар светски фудбалер и ја доби „Златната топка“.

 

Се вчитува...