Роберто Карлос: Пред седмата титула во ЛШ седевме во лобито до 4 наутро

Легендарниот бразилски лев бек Роберто Карлос се потсети на најважните моменти во кариерата, истакна дека засекогаш ќе го памети дебито пред 80.000 гледачи на „Сантијаго Бернабеу“, а како најголем успех го потенцираше освојувањето на седмата европска круна со Реал Мадрид. „Кралевите“ го победија Јувентус со 1-0 во финалето, а Роберто Карлос открива дека целиот тим до 4 часот наутро седел во лобито на хотелот во карантин.

„Патевме во Ла Лига таа сезона. Но, верувавме дека можеме да стигнеме до најпосакувниот пехар. Јувентус беше во финалето трета година по ред, а ние не бевме фаворити. Ноќта пред финалето никој од нас не можеше да заспие. Обично легнувавме во 22 часот, но таа вечер сите седевме во лобито до 4 часот наутро и си кажувавме приказни и вицови. Не се плашевме, но имавме голем респект за Јувентус. Одигравме одлично финале, тие имаа неколку одлични шанси, но ние победивме со 1-0 и го подигнавме пехарот“, раскажа Роберто Карлос.

Финалето се одигра на „Амстердам арена“ на 20 мај 1998 година, а стрелец на победничкиот гол за Реал Мадрид беше Предраг Мијатовиќ во 66.минута.

Се вчитува...