Робертсон е блиску до Тотенхем, Ливерпул има „план Б“

Енди Робертсон е многу блиску до заминување од Ливерпул откако левиот бек дал зелено светло за преселба во редовите на Тотенхем. Шкотскиот репрезентативец има уште само пет месеци од актуелниот договор со Ливерпул, па во ситуација кога тој секако не е прва опција на лев бек (зад Керкез) „црвените“ се подготвени да го продадат и да заработат барем нешто свесни дека тој летово без никаква отштета ќе си замине од „Енфилд“.

Робертсон пристигна во Ливерпул од редовите на Хал во јули 2017 година и долго време беше прва опција на Јирген Клоп, потоа и на Арне Слот во првата сезона на Холанѓанецот како предводник на најтрофејниот англиски клуб.

Ситуацијата се промени со доаѓањето на Керкез, минутажата на шкотскиот лев бек осетно се намали, по што тој почна сериозно да размислува за промена на клупските бои.

Доколку овој трансфер се реализира, Ливерпул веднаш има план Б – враќање на Костас Цимикас назад на „Енфилд“. Грчкиот интернационалец летово замина на позајмица во Рома, но таму не доби преголема минутажа, па Ливерпул би го вратил назад како резерва на Керкез, за потоа налето да тргне во потрага по нов играч на оваа позиција.

Се вчитува...