Робев пред потпис со Еуро Никел

Македонскиот репрезентативец Дамјан Робев ќе го напушти Куманово, а следна дестинација речиси сигурно ќе му биде екипата на Еуро Никел.

Робев пристигна во таборот на кумановци од редовите на Вардар и експресно се наметна со добри игри во овој клуб. Сепак, понудата за нов договор беше многу пониска од онаа на останатите заинтересирани клубови, поради што репрезентативецот реши да си замине од Куманово.

Еуро Никел e на добар пат да ја добие оваа трка откако кавадарчани ги договорија личните услови со кошаркарот, а сега останува да се средат уште неколку детали пред трансферот да биде официјализиран.

Се вчитува...