Роден е нов ракометен феномен: На 17 години му даде 19 гола на Порто, ривалите го тешеа откако загуби (видео)

Порто славеше на дербито против Спортинг со 29-28, меч што ќе остане запаметен по неверојатното издание на ракометарот на Спортинг, Кико Коста.

Ова момче има само 17 години и веќе е клучен играч во таборот на Спортинг, но никој не очекуваше таков блесок, па против ривал што се натпреварува во Лигата на шампионите младиот Коста постигна неверојатни 19 погодоци.

За жал, оваа негова феноменална партија не беше крунисана и со позитивен резултат, Кико Коста не можеше да ги запре солзите по поразот во последните секунди, а противничките ракометари од Порто по мечот му пријдоа на младиот ас за да го утешат.

Едно е јасно, пред Кико е блескава ракометна иднина…

Се вчитува...