Роденденот на Федерер – Национален празник на Швајцарија!

Швајцарија сериозно размислува да го помести одбележувањето на Денот на државноста – 1 август за седум дена, а со цел да се совпадне со 40-от роденден на Роџер Федерер. Иницијативата е поттикната од граѓаните, а веќе има голема поддршка од парламентарците, кои ја пропагираат оваа идеја преку социјалните мрежи.

Швајцарската конфедерација официјално е основана на 1 август 1899 година и се слави како најголем национален празник од 1994 година. Со овој гест, Швајцарците уште еднаш сакаат да ја покажат својата почит кон Федерер, а тие неодамна го прогласија и за најдобар спортист во историјата. Роџер ги доби најголемите државни почести.

Федерер е првата личност во Швајцарија што ја доби својата поштенска марка во текот на својот живот во чест на освојувањето на Вимблдон во 2007 година. Исто така минатата година, тој доби банкнота со неговиот лик од 20 швајцарски франци.

Роџер во моментов е шести тенисер во светот. Тој го одигра својот прв турнир по едногодишна пауза во Катар минатиот месец, каде беше елиминиран во второто коло.

Се вчитува...