„Роџер е бесмртен, неговата цел е Вимблдон“

Роџер Федерер има нова мисија, првата цел е да биде подготвен за почетокот на сезоната, а втората е да се бори за титулата на Вимблдон, откри неговиот тренер Иван Љубичиќ.

„Федерер сака да игра засекогаш, тој е бесмртен во овој спорт. Првата цел е јасна, тоа е да се подготвиме за првите турнири во 2021 година. Тогаш ќе видиме. Би можел да кажам дека Вимблдон е исто така цел, ова е омилен турнир на Роџер. Ќе разговараме за програмата и целосниот распоред на мечови кога ќе имаме повеќе информации “, рече Љубичиќ.

Оваа сезона Рафаел Надал го изедначи рекордот на Федерер со освоени 20 грандслем титули, па Шпанецот најави и рушење на овие рекорди, се разбира доколку продолжи со оваа одлична форма и во следната година.

„Ќе биде тешко да се заменат Федерер и Надал. Но, не мислам дека тенисот како спорт е загрозен. Борг и Мекинро, Агаси и Сампрас се повлекоа, но се појавија нови тениски легенди … Рафа и Роџер нема да исчезнат кога ќе престанат да играат. Мислам дека Роџер ќе остане во спортот“, заклучи Љубичиќ.

Инаку, последниот натпревар Швајцарецот го одигра во јануари, по што ја заврши сезоната поради повреда на коленото. Тој треба да се врати повторно на теренот на Австралија опен 2021 година.

Се вчитува...