Роџер Федерер ќе настапи на ЛОИ во Токио

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер ќе биде дел од Летните олимписки игри во Токио, потврди Швајцарската тениска федерација. Тој се најде на списокот на тенисери кои ќе бидат дел од игрите во Токио.

За Федерер ова ќе бидат петти олимписки игри откако претходно беше дел и од ЛОИ во Сиднеј 2000, Атина 2004, Пекинг 2008 и Лондон 2012, а ги пропушти игрите во Рио 2016. Во сингл има сребро од Лондон 2012, а заедно со Стен Вавринка го освои златото во двојки во Пекинг.

 

Се вчитува...