Роџер Федерер откри кога се враќа на терените

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер откри кога би можел да се врати на терените. Тој е надвор од тенисот скоро цела година, откако по елиминацијата на Австралија опен одлучи да замине на операција на коленото.

„Следната недела почнувам со тренинзи. Се надевам дека ќе бидам подготвен за австралиската сезона која почнува на почетокот на следната година“, изјави Федерер. 

Роџер Федерер годинава направи две операции на коленото и доколку не беше паузата поради пандемијата од коронавирусот тој секако ќе мораше да ја пропушти тениската сезона.

Се вчитува...