Роџер Федерер – петти спортист милијардер

Роџер Федерер повеќе од две децении доминира на тениските терени ширум светот, а швајцарскиот ас годинава се подготвува да влезе во едно елитно друштво – како петти спортист милијардер, рамо до рамо со Мајкл Џордан, Тајгер Вудс, Флојд Мејведер и со Кристијано Роналдо.

Федерер долги години имаше огромни заработки од турнирите, а освоените пехари и популарноста му овозможија да потпише и богати спонзорски договори. Швајцарецот одамна ја има минато границата од 900 милиони долари заработени во текот на кариерата, а границата од една милијарда е многу блиску и сигурно ќе биде мината годинава, или со пари од турнири или со оние што тој се уште ги добива од спонзорите.

„Федерер е магнет за моќните компании, кои се тепаат да го видат како заштитно лице. Тој уште минатата година требаше да стане милијардер, но се случи кризата со коронавирусот, притоа и мораше да биде опериран, што се одрази врз заработката. Сепак, нема сомнеж дека Роџер Федерер во текот на 2021 година ќе стане петтиот спортист – милијардер“, пишува магазинот „Форбс“.

Се вчитува...