„Роџер не се грижи за тенисот, туку единствено за самиот себе“

Швајцарецот Роџер Федерер ја користи својата позиција во Советот на играчи за да ја заштити својата позиција на АТП-листата, вака тврди потпретседателот на германската тениска асоцијација, Дирк Хордорф.

Поради пандемијата на коронавирусот и повеќемесечното прекинување на тениските турнири, АТП одлучи привремено да го смени системот за бодување на ВТА-листата, а тенисерите се рангираат според освоените бодови од минатата година.

Федерер е еден од тенисерите на кого ваквите промени му одат во прилог, бидејќи поради операцијата на коленото, тој сигурно немаше да игра во поголемиот дел од сезоната.

„Федерер го смени системот на рангирање за да се заштити. Тоа е неодговорно. Според мене, тој ја користи својата позиција во Советот на играчи. Доколку не се одлучеше за промена во системот за бодување, Роџер немаше да биде ниту во Топ 50“, рече Хордорф.

Инаку, Федерер оваа сезона ја заврши на петтото место на АТП-листата.

Се вчитува...