Легендарниот Денис Родман е убеден дека лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун е добро иако последниве недели има разно-разни шпекулации кои одеа и дотаму дека Ким е мртов.
Поранешниот НБА ас тврди дека само една личност може да биде сигнал дека нешто не е во ред.
„Комуницирам со Северна Кореја и може да ви го кажам ова: Ако ја видите неговата сестра на ТВ само во тој случај да знаете дека нешто не е во ред. Тоа е се што можам да ви кажам“ – вели Родман, мислејќи на Ким Јо-Џонг која единствено би го наследила Џонг-Ун.
Родман во 2013 година на крајот од својот необичен обид за кошаркарска дипломатија во Северна Кореја, изјави дека Ким Џонг-Ун е „одлично момче“ и дека неговиот татко и дедо биле големи лидери.
Ексцентричниот Родман е најпознатиот Американец кој се сретнал со Џонг-Ун откако овој во 2011 година го замени на власт својот татко Ким Џонг-Ил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА