Родман со бизарна порака до фудбалер на Наполи: „Душо, да видиш како игра ќерка ми…“

Поранешниот јуниор на Милан, а денес напаѓач на Наполи кој игра на позајмица во СПАЛ, прими неочекувана бизарна видеопорака од НБА легендата, Денис Родман,

Андреа Петања, наводно на ексцентричниот Родман му платил 600 долари да му испрати персонализирана видеопорака, а овој, наспроти барањата, му пратил порака зборувајќи 30 секунди за својата ќерка Тринити која е една од најдобрите млади фудбалерки во САД.

„Андреа, не е ли ова неверојатно? Денис Родман те повикува, Андреа. Булдожер, што значи тоа? Тоа значи дека си одличен стрелец. Но, имам нешто за тебе, Андреа. Имам ќерка која се вика Тринити, моментално најдобра фудбалерка во светот. Ајде, пробај гуглај малку… Прочитај за неа, еден ден може ќе се сретнете на натпревар, ќе се соочиш со неа и ќе ми пратиш порака: ‘Знаеш што Денис? Во право си. Добра е, баш како и ти. Во секој случај, душо ти продолжи да работиш, твоите пријатели навистина те сакаат. Респект, респект, респект. Продолжи да го работиш тоа што го работиш“ – вели Родман во својата порака до Петања, иако не јасно е дали Родман знае воопшто дека испратил порака на маж, бидејќи смета дека еден ден Тринити и Андреа ќе се сретнат на терен притоа ословувајќи го и со душо.

 

View this post on Instagram

 

Grazie @dennisrodman,sai quanto sono tuo fan ?? I hope to meet you soon @trinity_rodman , Keep going ??⚽️

A post shared by ANDREA PETAGNA (@andreapetagna) on

А, Петања е 24 години и ова му е втора сезона во СПАЛ. Од друга страна Тринити има 19 години и е најдобра напаѓачка на младата репрезентација на САД.

Се вчитува...