Преоптовареноста и преголемиот број на натпревари е проблем со кој се соочуваат сите фудбалери и фудбалски тимови во моментов. Таков е случајот и со Манчестер Сити, а еден од најдобрите играчи на екипата Родри, го крена својот глас против премногу одиграни натпревари.
Тој кажа дека е загрижен за своето здравје доколку продолжи со овој зафатен распоред. Играчот од средниот ред во последно време се мали со повреди, од кои најсериозна беше скинатиот лигамент.
Последниот шпански освојувач на Златната топка, појавувајќи се во емисијата „Premier Corner“ на DAZN, ги изнесе своите размислувања за моменталната состојба на фудбалот, испраќајќи многу директна порака.
„Или ќе престанеме со оваа преоптовареност, или јас нема да дочекам 32 години“, рече Родри.
„Мора да знаете како да го дозирате напорот бидејќи телото има свои граници, а сите ние имаме рок на траење“, рече играчот на Манчестер Сити.
Шпанецот се присети како се чувствувал после ЕП 2024 година.
„Кога го освоивме Европското првенство, бев ужасно изморен затоа што стигнував до финале на секое натпреварување 5-6 години по ред. Повеќе од физичкиот замор, бев ментално исцрпен и не знаев како да се справам со тоа во годините кои следеа“, изјави Родри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
