Родригез оперирана во Будимпешта, нема по добро да го памети Ф4

Средниот бек на Ростов Дон, Ана Паула Родригез, нема по добро да го памети дебитантскиот настап на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите. Бразилката се здоби со тешка повреда во полуфиналниот дуел со Вардар и во болки го напушти теренот во „Ласло Пап Арена“.

Поради сериозноста на повредата  на десната нога, Родригез беше итно оперирана во Будимпешта. Според информациите објавени на официјалниот сајт на Ростов Дон, операцијата поминала без компликации и Родригез сега ја очекува подолг период на рехабилитација.

Ростов Дон во својот дебитантски настап на Ф4 турнирот ви Будимпешта заврши на четвртото место, со два порази од Вардар во полуфиналето и од ЧСМ Букурешт во мечот за „бронза“.

Се вчитува...