Рогановиќ има негативен тест, утре ќе ја води Црна Гора против Македонија

Репрезентацијата на Црна Гора сосема извесно ќе биде предводена од својот селектор Зоран Рогановиќ на утрешниот натпревар против Македонија во 2. коло од групната фаза на Европското првенство 2022.

Рогановиќ поради коронавирус остана во Подгорица и не ја водеше Црна Гора на првиот натпревар против Данска, но денеска има негативен резултат по што веќе се упатил за Дебрецин.

Како што информираат црногорските медиуми, искусниот стратег утре го очекува нов тест во Унгарија и доколку и тој биде негативен тогаш ќе може да ја предводи Црна Гора на дуелот против македонската селекција кој стартува од 18 часот.

Но, Црногорците ќе бидат ослабени играчки на утрешниот дуел, со отсуството и на десниот бек Стефан Чавор кој од вчера е позитивен на Ковид-19. Од претходно поради коронавирус недостасуваат и средниот бек Стеван Вујовиќ како и пикерот Небојша Симовиќ.

Црна Гора на стартот на Европското првенство беше поразена од Данска со 30-21, додека Македонија загуби од Словенија со 25-27.

Се вчитува...