Ројс го спаси Дортмунд од срам против „фенерџијата“ Падерборн (ВИДЕО)

Марко Ројс ја спаси од срам Борусија Дортмунд со голот во 93. минута кој донесе реми против Падерборн 3-3, во премиерниот натпревар од 12. коло во германската Бундес-лига.

Вистинскиот срам се случи во првото полувреме во кое гостите стигнаа до убедливи 0-3. Голот на Бирки беше начнат уште во петата минута со голот на Мамба. Истиот фудбалер зголеми на 0-2 за гостите во 37. минута, додека во 43. со голот на Холтман веќе беше 0-3.

Домаќините успеаја да се спасат од целосен срам во второто полувреме во кое успеаја да постигнат три гола и да стигнат до реми (3-3). Санчо во 47. минута намали на 1-3, Витсел во 84. минута донесе надеж за домаќините, а Марко Ројс во 93. минута го постави конечниот резултат 3-3.

Борусија Дортмунд се искачи на делба на петата позиција на табелата со 20 бода исто колку и Хофенхајм, додека Падерборн остана последен со пет бода.

Borussia Dortmund 0-1 Paderborn – Mamba 5′ from r/soccer

Borussia Dortmund 0-2 Paderborn – Mamba 37′ from r/soccer

Се вчитува...