Ројс: Халанд е неверојатен, молчи и напорно работи…

Ерлинг Халанд со хет-трикот во второто полувреме против Аугсбург веднаш стана миленик на навивачите на Борусија Дортмунд, потсетувајќи на Пјер Емерик Обамејанг, кој исто така дебитираше во дресот на „милионерите“ против Аугсбург, и исто како и младиот Норвежанец на тој натпревар постигна три гола.

„Знам дека Обамејанг има дадено три гола како и Халанд. Кога Ерлинг би бил како Оба во периодот што следи, би било фантастично за нас“, изјави Марко Ројс.

Капитенот на Борусија има само пофални зборови за професионализмот што го покажува доскорешниот член на Салцбург.

„Тој е неверојатен, молчи и напорно работи. Многу е смирен, но му се забележува дека е и исклучително амбициозен. Тренира напорно на секој тренинг, сака да се докаже. Пред него е блескава иднина“, истакнува Ројс.

Се вчитува...