Ројс: Клоп е животно, знае да го маѓепса соговорникот

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, полн е со пофални зборови за поранешниот тренер кој од 2015 година го води Ливерпул.

„Ох, Јирген беше такво животно, лик кој можете да го видите само на телевизија. Навистина е импресивно, кога ќе го видите пред вас – неговата аура, агресивноста која ја емитува и самиот говор, тоа колку е голем… Начинот на кој зборува е реткост во нашата работа, како да го маѓепсува соговорникот“, изјави Ројс. 

Ројс во 2012 од Борусија Менхенгладбах, премина во редовите на Дортмунд чиј дрес ќе го носи и во новата сезона.

Се вчитува...