Ројс: Попрво би гледал Ел-класико на ТВ, отколку Бундеслига

Членот на Борусија Дортмунд, воедно и капитен на екипата Марко Ројз, зборуваше за квалитетот на тимот и за Бундеслигата воопшто.

Даде интересен коментар околу тоа што би гледал попрво, дербито во Шпанија или дуел во германското првенство.

„Да бидам искрен, повеќе би сакал да гледал дуел Реал Мадрид – Барселона на телевизија, отколку натпревар во Бундеслига“, изјави Ројс.

После оваа изјава, предизвика лавина коментари особено за љубителите на германското првенство. Ројс и натаму чека титула во Бундеслигата со Борусија Дортмунд, со оглед дека во последните 10 години колку што е дел од Дортмунд, со Германија „владее“ само Баерн Минхен.

„Секогаш е фрустрирачки што ние како тим потпишуваме со млади играчи, кои потоа сонуваат и одат да играат за големите клубови после 2-3 години. Ќе мораме да најдеме начин да ги задржуваме играчите и да го сопреме одливот во другите тимови“, рече Ројс.

Се вчитува...