Крај на една ера: Ројс после 12 години го напушта Дортмунд

Марко Ројс, играчот на Борусија Дортмунд ќе го напушти својот матичен клуб после 12 години играње во него. Тој во 2012 година од Борусија Менхенгладбах се врати во Дортмунд, кој му е негов матичен клуб.

Ројс е еден од најмалерозните играчи на денешницата. Неговата кариера го одбележаа многу повреди, особено кога требаше да оди на европските и светските првенства. Настапи само на СП 2018 година во Русија, кога неговата селекција испадна од Мундијалот уште во групната фаза.

Тој нема ниту една шампионска титула за Борусија Дортмунд, а многу блиску беше лани кога беше до победа од шампионски пехар, но на крајот не успеа да го освои. Има освоени два трофеи во Купот, а во 2013 година играше во финалето во Лигата на шампионите кое го загуби.

Неговиот договор со Дортмунд истекува по завршувањето на сезоната, и веројатно нема да биде продолжен. Се шпекулира со враќање во Борусија Менхенгладбах, па дури се споменува и пензионирање.

Се вчитува...