Ројс: Се би дал да бидам здрав и да играм фудбал

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс вели дека се би дал на светов само да нема проблеми со повреди и да може редовно да биде стартер во клубот, но и во дресот на германската репрезентација. Тој се врати на терените по пауза од осум месеци, постигнувајќи и гол во победата на „милионерите“ на контролниот натпревар против Спарта Ротердам.

„Би ги дал сите мои пари да можам да бидам здрав и да играм фудбал. Се би дал да можам да бидам здрав и без повреди“, изјави Ројс. 

Ројс кој во 2012 година премина во редовите на Борусија Дортмунд како големо засилување од Борусија Менхенгладбах, во осум години поминати во дресот на „милионерите“ запиша само 182 настапи. Поголемиот дел од престојот на „Сигнал Идуна“ парк го помина во клупската болница.

Се вчитува...